Фебруари како месец на лицата со ретки болести е месец кога треба да се обрне посебно внимание на потребите на оваа категорија на граѓани, но тоа не е случај и со актуелната власт. Реакциите поради ваквиот индиферентен начин на однесување не стивнуваат по социјалните мрежи. Една од поинтересните е реакцијата на Мери Николова, довчерашен другар на Заев. Но, тоа не е така и понатаму.

Мери Николова, една од најгласните активистки на СДСМ и т.н. „шарена револуција“ која се бореше за поголеми права на затворениците, како и за законот за амнестија со кој беа ослободени речиси 1.000 сторители на кривични дела од затворите низ земјата удри по премиерот Заев и власта предводена од СДСМ.
-Господине Заев, лекови за болните нема а Мира како кралица ја чувате. Од патните трошоци на Мира и нејзините колеги ќе можевте да ги купете лековите за лицата со ретки болести. Не оставивте да чекаме тендери и да ги гледаме ближните како секој ден се виткат од болка. Ние имаме Министерството за смрт и министерот тендерашки е незаменлив!, пишува таа на својот Фејсбук профил.

Годподине Заев, лекови за болните нема а Мира како кралица ја чувате. Од патните трошоци на Мира и нејзините колеги ќе…

Gepostet von Мери Николова Буџаку am Montag, 18. Februar 2019