Ова е време на вистинска здравствена, санитарна но и економска криза. Коронавирусот не само што го напаѓа здравјето на граѓаните, туку ја разорува и економијата, а тука се работи за стандардот на граѓаните и квалитетот на животот, порачува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето видео обраќање.
Еве што им порачува тој на македонските граѓани:
Компаниите кои се најдиректно изложени на штетните последици од пандемијата губат по 110 милиони евра месечно. 70 проценти од овие компании се мали со од еден до 9 вработени. Тие се првите на удар.
Во отсуство на брза реакција на властите, секој од вас може да помогне. Се прашувате како???
Купувајте македонски производи и спасете работно место. Секој човек во економскиот свет е потрошувач, трошете паметно и купувајте производи произведени во Македонија за да и помогнете на економијата, а највеќе да помогнеме да се сочуваат работните места, а така си помагаме себеси.
Купувајте македонски производи, затоа што така ја правиме државата подобра и затоа што ја сакаме Македонија!