Копривата е едно од најлековитите растенија, а како природен лек се користи уште од античките времиња, благодарение на нејзините антимикробни, антиоксидантни, диуретични, лаксативни и атстрингентни својства. Копривата е распространета насекаде.
Младите, здрави и сочни листови од коприва се берат од април до август, штом растението ќе достигне висина до 20 см. Се препорачува бербата на листовите да биде во пролет, затоа што тогаш имаат најдобар квалитет.
Коренот на копривата се откопува во есен, се отстранува стеблото, се мие со вода и се суши на сонце или во млака рерна. Копривата содржи состојки што го намалуваат воспалението и го поттикнуваат излачувањето на токсините. Коренот од коприва се препорачува при проблеми со уринарниот систем, зголемена простата и болки во зглобовите. Доколку имате проблеми со чести уринарни инфекции и камчиња во бубрезите, пијте чај од коприва.
Надземните делови на копривата (листовите и стеблото) поволно влијаат при следните здравствени состојби: алергии, анемија, астма и белодробна конгестија, болки и воспаленија во зглобовите остеоартитис, дијабетес, дијареа и дизентерија, заздравување на рани, зголемено лачење желудочна киселина, канцер, исип и егзема, предвремено стареење, прочистување на крвта од токсини, слаба циркулација.
Копривата се применува при мускулни грчеви и болки, опаѓање на косата и често мрсење на скалпот. Екстрактот од коприва во козметичката индустрија се користи во средства за нега на косата и кожата. Младите листови од коприва може да се бланшираат, варат и консумираат како другиот лиснат зеленчук. Од младите листови коприва се приготвуваат чорби, супи или може да се користат како фил за пити. Од копривата се прави чај, сок, тинктура и масло.
Една чаша бланширана коприва ги има следните нутритивни вредности: 37 калории, 7 грама јагленохидрати, 2 грама протеини, 6 грама растителни влакна. Ова лековито растение е богато со витамините К, А, Б6, рибофлавин, ниацин и фолна киселина, а од минералите содржи калциум, манган, магнезиум, железо, фосфор, калиум, цинк и бакар. Консумирајте коприва и бидете полни со енергија и здравје.