Од Владата информираа дека ги испратиле до Обвинителството ревизорските извештаи за финансиското работење на Институтот за јавно здравје и Институтот за медицина на трудот во 2016. Во извештаите се посочени низа неправилности.
евизорите утврдиле дека во ИЈЗ вработени земале поголеми плати од предвидените, се полнело гориво во приватни автомобили на сметка на установата и немало објаснување за трошењето на пари по ресторани.