Во Италија е регистрирано нагло опаѓање на криминалот од воведувањето на карантински мерки за ограничување го ширењето на новиот коронавирус, соопшти италијанското Министерство за внатрешни работи.

Помеѓу 1 и 22 март се пријавени 53.000 кривични дела, и тоа е пад од 64 проценти во однос на истиот период минатата година, се вели во извештајот на Министерството.

Криминални случаи поврзани со дрога се намалиле за 46 проценти, проституцијата и педофилијата се намалени за 77 отсто, убиства – за 65 отсто и сексуални напади има за 70 отсто помалку.

Сепак, помал пад е забележан во семејно насилство – 43,6 проценти, како и при кражби во аптеки – едни од неколкуте продажни места што се уште работат за време на карантинот.