Продукцијата „360 степени“ денеска донираше две илјади маски за медицинскиот персонал во Градската болница „8 Септември“ во Скопје, коjа по Клиниката за инфективни болести е следна најизложена во контактите и третманот на заболени или лица со симптоми на ковид-19. Маските се изработени во конфекцијата „ЕАМ“ од Штип.
Донацијата е скромна, повеќе симболична и во рамките на можностите на компанијата. „360 степени“ планира и во следниот период, со пари собрани доброволно од вработените во компанијата, да помогне други институции кои се во првите редови на борбата со заразата.
Исто така, знаеме дека сме само едни во низата општествено одговорни физички и правни лица, кои веќе донираа и ќе донираат и во иднина.
„360 степени“ ја продуцира емисијата со исто име која секој понеделник и петок се емитува на ТВ Алсат и го издава порталот 360stepeni.mk.