Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.856 тестирања, а регистрирани се 29 нови случаи на КОВИД-1 од: Скопје – 8, Куманово – 3, Прилеп, Тетово, Битола, Гостивар, Охрид, Виница и Кратово – по 2, Велес, Радовиш, Делчево и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани се 50 оздравени пациент од: Скопје – 39, Куманово, Прилеп и Битола – по 2, Виница, Кочани, Кичево, Гевгелија и Свети Николе – по 1.

Пријавени се вкупно 6 починати лица: по едно лице од Скопје (40г), Куманово (78г), Прилеп (95г), Тетово (54г), Штип (61г) и Струмица (73г).Од пријавените,едно лице е починато во домашни, а останатите 5 во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 811.693 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.407, бројката на оздравени пациенти е 148.960, на починати е 5.448, а бројот на активни случаи изнесува 999.