Во изминатите 24 час во Македонија се регистрирани 30 нови случаеви на заболени од корона вирусот. Според податоците кои што ги објави министерот за здравство Венко Филипче се работи за 12 лица позитивни од Скопје, 9 од Прилеп, Куманово 8 и Крива Паланка 1 регистрирано лице позитивно на Ковид 19.
Според податоците изминатото деноноќие се направени 342 теста, а вкупно досега 4.117 тестирања на Ковид 19.
Бројката на заразени од Ковид 19 во Македонија достигна до 384 лица, од кои излечени се 17, а смртни случаи се 11.