Министерот за здравство, Венко Филипче, сподели фотографии на социјалните мрежа и порача дека треба да се одговара точно на прашањата на лекарите и епидемиолозите за да се заштити здравјето на сите.
„Ова се дел од моите колеги кои неуморно работат на пунктовите за тестирање. Од нив зависи јавното здравје, од нив зависат нашите животи. Одговарајте точно на прашањата на лекарите и епидемиолозите – со тоа го штитите вашето, но и нивното здравје. Оваа борба зависи од секој од нас. Сега, како никогаш досега, треба да покажеме одговорност. Им благодарам на сите колеги кои го вложуваат целиот труд. Им благодарам на сите граѓани кои доследно ги почитуваат препораките и мерките. Издржете, ќе ја пребродиме оваа криза и ќе излеземе посилни“, напиша министерот Филипче на „Фејсбук“.