Најновитите статистики за Ковид-19 говорат дека бројот на смртни случаи од коронавирус во светот надмина четири милиони. Многу земји се соочуваат со потешкотии во набавката на вакцини против Ковид-19, а неколку држави имаат недостиг од вакцини. Во меѓувреме делта сојот на коронавирусот станува се подоминантен.

Анализите посочуваат дека за првите два милиони починати од Ковид во светот биле потребни повеќе од една година, додека следните два милиони смртни случаи, за жал, биле регистрирани за само 166 дена. Најголем број на починати имаат овие пет држави: САД, Бразил, Индија, Русија и Мексико, кои сочинуваат околу 50 проценти од сите смртни случаи во светот.

Државите во Латинска Америка се соочени со најтешки последици со оглед на фактот дека 43 од секои 100 заболени во светот се пријавени во овој регион. Болниците во Боливија, Чиле и Уругвај најчесто имаат хоспитализирани пациенти на возраст меѓу 25 и 40 години.

Се поголемата смртност ги оптеретува капацитети накрематориумите во светот. Индија и Бразил се држави кои секојдневно пријавуваат најмногу смртни случаи во рамки на еднонеделен просек. Многу здравствени експерти веруват дека официјалниот број на смртни случаи од Ковид е потценет на глобално ниво, а СЗО минатиот месец процени дека бројот на смртни случаи е многу поголем