Во мостарската населба Потоци утринава тримесечно бебе се удави во бунар, а мајката на детето 31 годишната С.Г. е спасена, потврди дежурниот обвинител на Херцеговско – неретванскиот кантон, Мирјана Ѓериќ, пренесуваат медиумите во Босна и Херцеговина.

  • Утрово околу 7 часот домашните забележале дека раце се појавуваат од бунар кој е полн со вода. Мајката ја извлекле од водата, а тримесечното бебе се удавило, изјавила Ѓериќ.

Таа додала дека ќе следи истрага за целиот случај и обдукција на телото на бебето. Според нејзините зборови, мајката е сместена на одделение во психијатриската болница во Мостар.

  • Има сомнежи дека мајката го фрлила детето во бунарот, а дека потоа и таа скокнала. Станува збор за жена со иницијали Г.С. родена во 1987 година, изјави дежурниот обвинител.