Наместо докторот кој најмногу знае и има најмногу поени, Центарот за јавно здравје вработува лекари кои едвај имаат дваестина бодови и на стручниот испит одговориле сам она едно прашање. Прашањето до здравствените власти е како и по кои критериуми јавните здравствени установи во земјата вработуваат млади лекари? Една од одбиените каднидатки на огласот за вработување во кумановскиот центар за јавно здравје каде барале тројца лекари по медицина, иако имала најмногу бодови од предметите што ги полагала како и од успехот, извисила од добивање на работна позиција. Од 6 кандидати кои се рангирани на листата, работа добиле тројца и тоа, сите од албанска националност. Нејасно е дали изборот бил по рамковна припадност, но тоа не било наведено во огласот. Но и покрај тоа што немале познавање на стручните испити, ќе бидат лекари за разлика од оние кои иако учат немаат шанса.

–  Незнам како тоа го направиле и по кои критериуми. Полагавме испит каде не надгледуваа и контролираа од Министерството за здравство. И потоа, наместо јас вработен е тој што е последен, тоа беше шок за мене. Незнам каква порака им се испраќа на лекарите со тоа, кога сите мои колеги што ги знам се отселија од земјата, вели револтирана лекарка од Куманово.

Одбиените кандидати не добиле објаснување зошто не го добилае работното место, но имаат право на жалба. Дали ќе реагираат, ќе чекаат нов конкурс или шанската ќе ја бараат во странство останува да видиме.

Според податоците од Лекарската Комора, само во првите четири месеци годинава 110 лекари заминале во странство. За седум години бројката е над 1200 доктори од кои најголем број одат да работат во Германија.  Нејасно е дали ова е реформата на Филипче за задржување на младиот кадар во земјата, доколку немаат шанса за вработување и кога се најдобри. ? Вака ли министерот за здравство ќе ги стимулира оние кои студираат медицина, дека и со незнаење можат да бидат лекари…