Стопанската комора на Македонија како пакет решенија за справување со економските проблеми кои се резултат на коронавирусот побара за два денари да се зголеми акцизата за безоловниот бензин и евродизелот, додека акцизата за екстралесно гориво да се изедначи со акцизата за дизел горивото.
-Со предложените мерки, во просек во државниот буџет, по основ на акцизи и ДДВ од продажбата на нафтените деривати, на месечно ниво би се прибрале средства поголеми за 3,8 милиони евра, односно 46,2 милиони евра на годишно ниво, велат од Стопанската комора на Македонија.
Практично, со ваквата мерка транзициските профитери, сега замаскирани со наводна иницијатива на Стопанската Комора, повторно сакаат да удрат по грбот на народот, односно се фалат дека донирале сума од околу еден милион евра, а во суштина со предложената мерка за зголемување на акцизата од народот сакаат да земат околу 42 милиони евра.
Реалноста е дека зад оваа “мерка“, стои СДСМ и никој друг. Зголемувањето на акцизата не е прв пат да биде гледано како начин за полнење на буџетот од страна на оваа безидејна политичка констелација.
Инаку, како за потсетување пред две години веќе еднаш владата предводена од СДСМ удри по џебот на граѓаните и тогаш ја зголеми акцизата на горивата за 3.5 денари, а со самото тоа дојде за околу 30 проценти се зголеми малопродажната цена, а дизелот до 46 денари се качи на 60 денари по литар.
Доколку, повторно дојде до зголемување на акцизата како што впрочем бараат и од стопанската комора на Македонија и тоа за време на големата пандемија која што завладеа со целиот свет, практично власта признава дека нема доволно средства во буџетот, а истиот повторно ќе го полни на грбот на народот, кој што најмногу ја чуствува кризата од пандемијата.
Останува, да се види во иднина дали цената од корона кризата која што ја зафати Македонија како и неодговорното трошење на буџетски средства од страна на власта предводена од СДСМ повторно ќе ја плаќа народот.