Според најновите податоци, досега во Босна и Херцеговина се регистрирани 882 случаи на заразени со коронавирус, од кои 381 се во Република Српска.

Херцеговско-неретванскиот  кантон е ставен во карантин од утрово, каде во текот на ноќта беа регистрирани седум нови случаи.

Херцеговско-неретванскиот кантон во моментов е најпогоден од пандемијата од сите делови на Федерацијата БиХ.

Досега се регистрирани 172 позитивни случаи во тој кантон, што е речиси 20 проценти од сите заразени во БиХ.