поред најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 2.004.383 лица. Од нив починати се 126.811, а оздравеле 485.304 луѓе.

– Најмногу заразени има во САД – 614.246, а починале 26.064 лица.

– Шпанија пријави 174.060 заразени, како и 18.255 смртни случаи.

– Во Италија од коронавирусот починале 21.067 лица, а заразени се вкупно 162.488 луѓе.

– Франција има 143.303 заразени, а починале 15.729 луѓе.

– Во Велика Британија има 93.873 заразени, починале 12.107 лица.

– Во Германија се регистрирани 2.486 нови случаи на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени е 127.584, покажуваат денешните потоци на Институтот за заразни болести Роберт Кох.

– Во Кина во последните 24 часа се пријавени 46 нови случаи на коронавирусот, а од последици од болеста починало едно лице, соопшти денеска Националната комисија за здравје. Повеќето новозаразени, 36 пациенти, дошле од странство. Така вкупниот број на увезени случаи на Ковид-19 во Кина достигна 1.500. Од нив 596 луѓе веќе оздравеле, а 904 се уште се лекуваат.

– Данската Влада планира да укине некои рестрикции побрзо отколку што се предвидуваше, затоа што бројот на хоспитализирани лица болни од Ковид-19 и понатаму опаѓа, изјави премиерката Мете Фредериксен.

– Во Романија од Ковид-19 почина уште шест лица, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 357. Бројот на заразени до вчера изнесуваше 6.879.

– Во Бугарија има вкупно 735 потврдени случаи на коронавирусот. Досега се излекувале 105, а починале 36 луѓе.