Центарот за дијализа во Железара 2 часа, па и повеќе чекаше да добие струја, а воедно и пациентите чекаа да им се изврши прочистување на крвта. Во институцијата во период поголем од два часа немало струја, а во тие моменти не работи ниту агрегатот кој е во сопственост на центарот и треба да работи во вакви ситуации.

„Дијализата почна во 7.30, а струја снема во 8 часот. Болницата има агрегат, но не работи. Вработените ни кажаа дека имало некаков дефект со далноводот во Автокоманда и дека тоа е причината поради која нема струја. Пациентите видно вознемирени посочуваат дека ова не е прв пат и дека во текот на денешниот ден после повеќе од 2 часа струја добил центарот.

Ова не е прв пат пациентите да приговараат, доста често се случува проблемот со струјата. Жалби пристигнуваат и на условите во болницата, дека се нема соодветна апаратура за дијализа, па во одредени ситуации се импровизира. Револтот кај пациентите е уште поголем поради тоа што имаат и несоодветен транспорт, т.е. болницата тој транспорт што го нуди е незадоволителен – посочија пациентите