Неадекватно носење на маските води кон зголемување на ризикот за болест и потреба од едукација на граѓаните, дополнителен трошок за граѓаните, нејасна Уредба со законска сила за носење лична заштита на лицето за спречување на ширење на Ковид-19 …, се само дел од забелешките на стручната јавност за мерките на владата за заштита од корона.
Дека е потребно да се обезбедат бесплатни маски ВМРО-ДПМНЕ апелираше и на пресови и со соопштенија, и тоа непосредно по првиот случај на корона во земјава на 26 февруари.
-Заштитата и превенцијата е нужна за да не се дозволи ескалирање на состојбата. Потребно е владата да воведе мерка за бесплатни маски за заштита и дезинфекциски средства кои би биле достапни за сите граѓани вклучително и за оние коишто не можат да си дозволат истите да ги набават, се вели во едно од соопштенијата на партијата од почетокот на март.
Освен овој аспект медицинските лица со голема препазливост говорат кога е во прашање употребата на маските.
Тие предупредуваат дека несоодветната употреба на маските може да води кон згоменување на бројката на болни.
Дополнително, маските познати како хирушки кои се употребуваа од половина час до максимум два часа и Н95 кои може активно да се носат од 120 до 180 часа штитат од вируси, но не и останатите како памучни, па и шалови, марами кои се споменати во владината Уредба.
-Неадекватно носење на маките, како по обичај на отворено симни ја под брадата па со валкани раце стави ја преку уста и нос, притоа допирајќи ја предната страна на маската која во суштина е и најзагадена е друг дополнителен начин за ширење на болеста. Значи треба претходно да се едуцираат граѓаните како правилно да ја користат, објаснува медицинско лице.
Медициските лица укажуваат дека во оваа ситуација кога народот нема доволно пари ова е дополнителен трошок, и се прашуваат „ако до вчера немаше маска да се купи, сега ќе се продаваат тие од донациите?!“
И владината Уредба според нив не е доволно јасна.
-Како е можно во Уредбата да стои дека „под лична заштита на лицето се подразбира било каква форма на заштита која ги покрива пределот на носот и устата(респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, бандана и сл)“. Од една страна се бара маска со висока заштита како ФФП2 или повисок стандард и хируршка кои штитат 95 проценти од вируси, па се до марама, шал кои многу малку штитат или воопшто. Значи ако носите марама, шал мора да има растојание од 2 метри зошто нема да бидете заштитени. А веќе сме сведоци како во некои маркети, банки, аптеки бараат да се има главно маска, а не сите имаат лица кои прават ред или по регулираат по колку лица има во маркетот и слично. Јасно се грижат да не добијат казна, зошто нели од 4 мај ќе следат казни како физички лица, така и за правни, коментираат здравствените лица.
Има и коментари од пошироката јавност за брзината на менување на препораките.
-Многу брзо се менуваат препораките на министерството за здравство, се скратува полициски час, се потенцира се повеќе бројот на излекувани лица… Дали сега се креира стивнување на епидемијата и прогласување на „способно“ министерство за здравство и „способна“ влада. А вистината е поинаква се доцнеше со мерки, не се прават доволно тестови, тестовите наместо подостапни стануваат понедостапни или се зголемува цената на тестирање по приватните лаборатории и слично, коментира стручната јавност.