СДСМ за овие три години успеа да го урне здравствениот систем. Од ветувањата на Заев, здравствените работници добија само распродажба на јавното здравство и сомнителни тендери. Откако Филипче е министер на здравство, функционира само со „ЌЕ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Пациентите не го добија ветеното подобро здравство, кое се ветуваше во предизборни кампањи. Подобро здравство стана мисловна именка во Македонија, стои во партиската реакција и се додава:

„Хаосот кој што владее во здравството мора под итно да му се стави крај. А, тоа ќе се случи кога ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за „Обнова на Македонија“ ќе победат на предвремените парламентарни избори. Тогаш ќе дојде обнова во здравствениот систем, ќе започнат реалните мерки од кои граѓаните и здравствените работници ќе имаат полза“.