Владата соопшти дека денеска од 12 часот ќе одржи седница која ќе се одвива преку интернет-видеокомуникација.
На седницата се очекува да бидат донесени нови одлуки во однос на состојбата со пандемијата со Ковид -19.
За заклучоците кои ќе бидат донесени, Владата ќе информира со соопштение по завршување на седницата.