До кога партиски војници ќе бидат вработувани, а сите останати кадри кои волонтират или се во клиниките ќе бидат со нерешени статуси, во брзата помош, поликлиниките ќе чекаат да бидат институционално згрижени, до кога Филипче? Вие сте министер, вие ги одобрувате и порачувате овие вработувања, кога ќе помислите на тие со искуство дека се потребни и да ги оставите на местата каде што се? Затоа бегаат медицинските кадри и затоа нема доктори, бидејќи ваков ви е третманот со сите не само со медицинскиот персонал, крајно безобразни и незаинтересирани – посочија дел од граѓаните и луѓето кои работат и волонтираат во брза помош и дел од поликлиниките.

Побаравме 100 вработувања во ЈУ Здравствен дом Скопје, таа одлука помина на Влада и ќе продолжиме да работиме за да обезбедиме финансиските средства и со ФЗОМ и Министерството за финансии. Здравствениот дом Скопје е соочен со сериозен ризик во давањето медицински услуги, затоа што недостигаат 110, 120 вработени – доктори и останат медицински персонал. Оваа служба мораме да ја зајакнеме. Ова го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека недостига кадар и во Службата за Итна медицинска помош (ИМП).

– ИМП располага со седум возила, што е премалку за населението на територија на градот Скопје. Недостигаат и возила за ИМП, затоа очекуваме да започне набавката на нови возила за ИМП, а капацитетот најмалку би се дуплирал. Потребни се возила и за други здравствени домови во државата, потенцира Филипче.

Повторно персоналот слуша само ветувања и дека недостасуваат кадри, ама како и од каде ќе ги пополните, со кои партиски војници, колку ќе бидат елоквентни и способни како и дали ќе одговараат. Не е битно само да бидат на број, г-не министре, освен тоа што правиме со волонтерите дали тие ќе бидат исто згрижени и дали тие се во вашите калкулации или сето ова е само уште едно „мачкање“ очи на народот дека нешто се работи, ветувањето ќе си остане, енергијата ќе ја насочите кон новиот тендер успешно да се намести и по можност ако треба некое возило за ИМП да го набавите од партиската фирма, да не биде од друго место?

Народот бара одговори министре, премиере, не е одговор нема други луѓе со кои би ги замениле овие кои грешат!!! Може нема партиски кадри, меѓутоа има доста способни луѓе во Македонија кои ние граѓаните веруваме дека ќе одговорат на предизвиците и обврските на ваквите позиции 1000 пати повеќе, подостоинствено и поодговорно!!!