Македонија освен со епидемија од корона вирус се соочува со епидемија на неспособност и неодговорност на власта на СДСМ.

Македонија е земја со најголем број починати на милион жители во регионот. Оваа бројка е далеку поголема во споредба со Србија, Бугарија, Грција, Албанија. Дополнително бројот на тестирани лица е многу мал, што ја прикрива реалната слика за раширеноста на епидемијата, што влијае врз креирањето на реални здравствени мерки. Исто така загрижувачки е и бројот на заразени здравствени работници кои се на првата линија во справувањето со овој проблем. истите се оставени сами на себе да се снаоѓаат, поради недостатокот на заштитни средства, опрема и дезифициенси.

Уште полошо е менаџирањето на кризата од економски аспект. Тука се соочуваме со целосна неспособност. Владата на СДСМ во првите три месеци, период во кој уште немаше никакви импликации од епидемијата, креираше дупка во буџетот од 120 милиони евра. Ова значи дека за овој период потрошени се 43% од вкупниот дефицит планиран за целата година со цел да се врши предизборен поткуп за изборите кои се одложија. Парите наместо за капитални инвестиции, кои се реализираа рекордно ниско од околу 8%, се трошеле за партиски вработувања во администрацијата, набавка на 3 тони кафе, 700 килограми апетисани или слични други непродуктивни трошоци.

Заради неодговорното трошење се генерирал за само три месеци нов долг за секое семејство од 250 евра. Згора на ова сега државата нема доволно средства да ги помогне економијата и стопанството. Со непромислени, парцијални и задоцнети мерки наместо помош на стопанството се доведовме во ситуација илјадници граѓани да останат без работа или да стравуваат за својата егзистенција. Капак на се беше вчерашната мерка на министерката Нина Ангеловска за субвенционирање фирми со пари од буџетот кои отпуштаат вработени. Ова значи дека граѓанинот со свои пари ќе го плаќа и работодавецот кој ќе го отпушти од работа. Крајно апсурдно, кога цел свет се бори за секое работно место, владата ќе субвенционира отпуштања?!