Светските експерти и светските лидери потврдија дека далеку сме од тоа дека пандемијата е победена и дека се намалува насекаде особено во европските земји.
Кај нас наместо зголемување на бројот на тестови, деновиве сме сведоци дека тие се намалуваат. Имаме се помалку тестирани пациенти. Наместо прецизни структурирани и селектирани испитувања на целни групи, кои што ќе дадат информации за состојбата во популацијтаа ни сме подложени на саебе храбрење дека се намалува бројот на ново инфицирани и ново заболени, без да имаме точни податоци и информации од каде доаѓа оваа лагодност.
Без систематичен пристап, без вистинско и планско тестирање, нема да може да имаме вистински информации за состојбата со епидемијата во земјата.
Здравствените експерти нема да може да имаат целосни податоци и нема да може да се планираат вистински здравствени политики.
Заради тоа потребно е да се зголеми бројот на тестови кои се изведуваат дневно. Само така ќе знаеме со што се бориме и колкава е опасноста.
Фејсбук статус на доктор Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.