Короната влезе во градинките во Србија откако властите одлучија да ги отворат во понеделникот по два месеци пауза. Српските медиуми информираат дека Ковид 19 е потврден кај една вработена во Предшколската управа „Милка Диманиќ“ во Власотинац, а која во понеделникот примала деца кои доаѓале во градинката.
Исто така позитивна е и една вработена во предшколската управа во Лесковац, но таа не била на работа.
Вработената во Власотинац немала никакви симптоми, а дека е заразена се дознало во понеделникот додека била на работа, кога стигнале резултатите од здравствените власти.
-Вработените беа тестирани поради превенција, никој од нив не работел во ковид болниците, но бидејќи короната во Власотинац се појави неодамна, кога бројот на заболени секаде почна да опаѓа, директорката на градинката донела одлука сите вработени да се тестираат. Од некоја причина од Здравствениот дом дури во понеделникот ги донеле резултатите и тогаш дознавме дека една вработена, сестрата на тријажа е заразена, а таа веќе имаше контакт со дечињата, наведуваат српските медиуми.
Веднаш биде тестирани и членовите на нејзиното семејство и се е подигнато на повисоко ниво, па вчера во градинката имало санитарна инспекција, како и просветна инспекција.
Веста за заразената вработена во градинка се шири на социјалните мрежи. Еден родител прашува зошто не се чекале резултатите од сите вработени па да се почне со работа.
Директорката на градинката Снежана Николиќ вели дека вработената немала симптоми, носела визир, ракавици и дека градинката е безбедна.