Со обединување на клиниките во еден клинички центар ќе се реши прашањето дали јавните здравствени установи треба да имаат втори или организациски директори. Ова пред два дена го изјави министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање до каде е идејата за укинување на економските директори, што беше најавено уште пред две години, а средствата што се трошат за нивниот ангажман да се употребат за награди и плати на докторите.

Истиот ден министерот го разреши од функцијата економски директор на Клиниката за гинекологија и акушерство Валон Беља, поради нарушени меѓучовечки односи. Тој на оваа функција беше именуван лани во октомври.

„Останаа многу малку економски директори и имавме многу активна дебата околу тоа дали на некои институции им е навистина потребен економски директор, затоа што има институции со голем број вработени и некогаш еден директор не може да ја заврши работата, да изменаџира или некогаш му треба помош од некој човек кој има некоја друга струка. Во таа смисла дебатата не е завршена, сметам дека по обединување на клиничкиот центар ова прашање конечно ќе се затвори“, рече Филипче.

„Сѐ уште не е дојдено до спојување на клиниките, но така би се решило ова прашање. Во некои од институциите поради спецификата или големината на институцијата можно е да остане втор директор, и дебатата продолжува“, вели Филипче.

Укинувањето на економските директори уште лани во јуни беше проблематизирано уште лани во јуни, при носење на измените на Законот за здравствена заштита со кои требаше да се укинат овие функции. Укинувањето на организациските директори на клиниките и институтите ги засега седум директори од редовите на ДУИ, кои во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ беа именувани за в.д директори, како и осум организациски директори од редовите на ВМРО, на кои во август 2016 година им беа дадени нови решенија за директори со мандат до август 2020 година.

Според податоците од Министерството за здравство 15 здравствени установи имаат организациски директори, а во 14 се по двајца, бидејќи во Институтот за медицина на трудот има само економски директор.

Уште еден еклатантен пример за тоа како министерот Филипче и оваа власт не знаат и не умеат да раководат и успешно да го менаџираат здравството во Македонија, бидејќи секогаш кога станува збор за подобри услуги, поголеми квоти, подобри лекови, поголеми плати, кај оваа власт и кај Венко, вагата натежнува кон тендери на блиски, тендери во 4-ри очи, повеќе пари за донирани вакцини, повеќе средства за дониран инсулин, неквалитетни игли, инсулин со полош квалитет и листата така оди до бескрај. Наместо доброто за пациентите и болните, за граѓаните на Р. Македонија, кои и ги преставува министерот на таа позиција на која е поставен, секогаш повеќе се одлучува за лично богатење и личен интерес?

Г-не Филипче граѓаните прашуваат до кога? Бараат од вас, по секој основ оставка, бидејќи и неморален и несоодветен и неодговорен и негрижлив како министер сте? Оставка кога?