Заштитете го домот од коронавирусот со често проветрување и дезинфекција, особено ако имате гости

Откако Франција ги олесни мерките на движење на 11 мај, раководителот на француската јавна здравствена служба, Жером Соломон, изјави дека граѓаните, доколку поканат гости дома, треба да носат маски, а…

Откако Франција ги олесни мерките на движење на 11 мај, раководителот на француската јавна здравствена служба, Жером Соломон, изјави дека граѓаните, доколку поканат гости дома, треба да носат маски, а подоцна да го проветруваат домот и да ги дезинфицираат контактните површини.

Тој на прес конференција ги предупреди Французите да ја почитуваат физичката дистанца кога се дружат со пријателите.

– Вирусот е се уште тука и е смртоносен, нагласи тој.

На деветтиот ден по укинувањето на карантинот, што траеше 55 дена, бројот на заразени со коронавирус во Франција дневно не се зголеми значително.

Во вторникот, коронавирус беше потврден кај 524 лица, а вкупно кај 143.427, или зголемување од 0,4 проценти, што е нешто повеќе од просекот од 0,3 проценти на ден од укинувањето на карантинот.


Related Articles