Наутро со услови за утринска магла по одделни котлини. Преку денот сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југозападен ветер.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и тивко.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 4°C, а максималната од 12 до 18°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-4 Берово, -3 Д.Капија, -2 Скопје Петровец, Струмица, -1 Штип, Битола, Кавадарци, 0 Скопје–Зајчев Рид, Велес, Претор, 1 Крива Паланка, Тетово, Гевгелија, Лазарополе, 2 Дебар, Прилеп, Куманово, 3 Охрид, Маврови Анови, 4 Виница, Дојран, 5 Попова Шапка, Крушево.

Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)

Охридско Езеро 7.5, Преспанско Езеро 4.5, Дојранско Езеро 6.8.