Сите мажи првенствено се заинтересирани за физичките атрибути на жената. Меѓутоа, откако ќе ги „измеркаат“ нејзините атрибути, она што им го привлекува вниманието е карактерните особини на жената.

Што е тоа што ги привлекува мажите кај понежниот пол?

Смисла за хумор: Секој сака личности кои имаат позитивна енергија и оптимизам во себе. Затоа, мажите ги привлекуваат жени кои имаат смисла за хумор, бидејќи знаат да ги опуштат и насмеат.

Поглед: Многу мажи мислат дека жената најдобро заведува со погледот. Некои ги привлекува таинствен и срамежлив женски поглед, но има и онакви кои преферираат строг и  жесток поглед.

Интелигенција: Скоро сите мажи сакаат крај себе паметна жена. Иако некои од нив тврдат поинаку, интелигенцијата е посебно секси особина. Интелигентните жени се интересни личности и одлични соговорници, но и забавни во кревет.

Манири: Жената не мора да биде светица, но мора да се однесува пристојно. Мажите не сакаат жени кои се прегласни и наметливи. Добрите манири се одличен начин за да им оставите добар впечаток.

Добар слушател: .Жените кои внимателно го слушаат својот соговорник се многу привлечни. Мажите сакаат кога сето внимание е насочено кон нив.