Имено, од 57.000 испитаници, дури 70% од нив работат и кога ќе дојдат дома по работната смена, а тоа може негативно да се одрази на нивното здравје.

Стручните лица од друштвата за работни, индустриски и психолошки истражувања утврдија дека оние личности кои работат во текот на ноќта, како и во викендите во најголем случај се жалат од несоница, главоболка, замор, болка во мускулите и желудникот.

  • Нашето истражување покажа дека дури и дополнителното работење кое е во најмала мера, сепак е штетно по здравјето на луѓето, рече Ана Арлингаус организатор на оваа студија.

Нејзиниот тим апелира на повнимателност кај работодавачите, со цел зачувување на нивното здравје.

  • Технолошкиот напредок предизвика кај луѓето завист од работа, и можностите за работа од дома вршат притисок кај луѓето кои мора континуирано да се во тек со работењето. Слободното време ни овозможува нашето тело да се опорави, предупредија германските стручњаци.