Коронавирусот зема 122 жртви од Македонија: Три лица починаа во последниве 24 часа

Коронавирусот зема 122 жртви од Македонија. Во последниве 24 часа починаа 3 лица. Починаа двајца пациенти од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 74 годишен пациент,…

Коронавирусот зема 122 жртви од Македонија. Во последниве 24 часа починаа 3 лица.

Починаа двајца пациенти од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 74 годишен пациент, лекуван на клиниката од 21 мај.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 57 години, хоспитализиран на 23 мај.

Во Институтот, од болницата Ремедика, за анализа е пристигнат постмортем брис на пациент од Скопје (53г) и истиот е позитивен на ковид-19.


Related Articles