Граѓаните што ќе остварат влез или треба да ја напуштат државата за време на 80-часовниот карантин во одредени градови и забраната за движење во дел од градовите, ќе треба да го почитуваат воспоставениот протокол од Министерството за внатрешни работи.

Движењето граѓаните треба да го пријават на бројот 192.

– Граѓаните што ќе влезат во државата со валиден и негативен PCR тест, ќе може да се превземат од граничните премини, при што лицата што ќе ги превземат претходно ќе треба да го пријават тоа на тел бр. 192 каде што ќе ги остават бараните податоци. Исто важи и за граѓаните што треба да ја напуштат земјата (со валидна документација, т.е авионски билети), односно лицата што ќе ги превезуваат треба претходно да се пријават на бројот 192, информираат од МВР.