Светот денес се бори со нов коронавирус наречен Ковид-19. Тој се рашири во повеќе од 30 држави, зарази повеќе од 80 000 луѓе, а околу 2600 починаа. За да може полесно да се спречи неговото ширење, потребно е да се разбере како овој вирус се пренесува.

Во два нови труда објавени во списанието Гастроентерологија, научниците од Кина го опишуваат влијанието на новиот коронавирус врз дигестивниот тракт. Еве што тие установија:

-Значаен дел од пациентите заразени со Ковид-19 имаат дијареја, лошење, повраќање и/или абдоминални нелагодности пред да се појават респираторните симптоми.

-Научниците препорачуваат следење на пациентите со првични нелагодности на гастроинтестиналниот тракт што ќе обезбеди рана детекција, дијагноза, изолација и можност за интервенција при потврдување на присуство на Ковид-19.

-Вирусната РНА се детектира во фецесот кај пациентите кои се сомнителни за коронавирусот, што е знак дека вирусот живее во столицата кај пациентите.

-Виралната гастроинтестинална инфекција и потенцијалното фекално-орално пренесување може да потрае дури и по заминувањето на вирусот од респираторниот тракт.

-Превенцијата од фекално-оралното пренесување треба да биде земена во предвид доколку сакаме да го контролираме ширењето на вирусот.

На овој начин се добива една потемелна слика на однесувањето на Ковид-19 во гастроинтестиналниот систем што е особено важно за спречување на неговото понатамошно ширење.