Освен отсуството на реални чекори за справување со кризата од пандемијата од Ковид 19 се случува и вистински хаос со тестирањето на новозаразени, ова денеска го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
-Отворено се сомневаме дека Комисијата за заразни болести и Венко Филипче манипулираат со бројот на новозаразени. Доволен доказ за тоа беа случаевите што ги спомнав пред само два дена за градовите Штип и Велес каде што во Штип Филипче се обиде да сокрие 13 новозаболени, а во Велес 2. За ова говорат секојдневните различни бројки кои се лиферуваат токму од Министерството за здравство како и филувањето на пикот кој што се разблажува со тоа што новозаразените од еден ден се кажуваат низ повеќе денови. Но, воедно се говори за една интерна одлука, а тоа е оние кои се асимптоматични заразени кои дошле во допир со заразени да не се тестираат. Таа бројка се говори дека воопшто не е мала, туку над 200. За оваа сепак треба да одговорат од министерството за здравството дали е точно. Ако е точно, тоа е потенцијална уште една експлозија на над 200 потенцијални кластери кои ќе заразат уште повеќе, вели Арсовски.
Тој додава дека ова покажува дека за Венко Филипче, Зоран Заев и Комисијата, партиската комисија за заразни болести се претвора во борба за бројки, а не во борба против заразата. Да не се дрзнуваат помалку да тестираат ниту пак да ги релативизираат работите. Македонија има за жал неславна статистика на 1 милион жители и за жал сме предмет на потсмев на сите во регионот бидејки сите ја победија заразата, само Република Македонија не. За жал тоа е заради неспособната влада.
-Граѓаните се исплашени и со право. Треба сериозен пристап во оваа борба, но за жал имаме несериозна влада и тоа граѓаните го плаќаат со своето здравје и со своите животи, рече Арсовски.