По случајот со родилката која сокри коронавирус во семејството, четворица вработени во „Ремедика“ во самоизолација

Поради родилката која на Клиниката за гинекологија се легитимирала како доктор, а од Лекарската комора кажаа дека лажно се претставила, во самоизолација се ставени четири медицински лица од приватна болница…

Поради родилката која на Клиниката за гинекологија се легитимирала како доктор, а од Лекарската комора кажаа дека лажно се претставила, во самоизолација се ставени четири медицински лица од приватна болница каде жената се породила откако заминала од Клиника.

Ова го соопшти директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Бухова, која кажа дека родилката дала различни податоци во епидемиолошката анкета, направена при хоспитализацијата во Клиниката за гинекологија, а потоа и во приватната болница.

-На нејзино барање во утринските часови ја напуштила Клиниката за гинекологија и акушерство, покрај предупредувањето од медицинскиот тим дека ѝ е потребна хоспитализација и болничко лекување. Таму нема дадено податок дека имала контакт со лице со респираторна инфекција или дека има позитивен член на фамилија. Нејзината хоспитализација во приватната болница Ремедика е на 8 јуни во состојба, медицински кажано, кога раѓањето е веќе почнато. На прием има дадено податок дека имала контакт со лице кое имало респираторни потешкотии, не дека има во фамилија или има податок за контакт со позитивно лице, посочи Бухова.

Четири лица од медицинскиот кадар кој ја породувал родилката, а се вработени во приватната болница, сега се во самоизолација.

-Во однос на протоколот во двете установи е испочитуван алгоритамот и протоколот до последна ситница. Нема загрозување на пациенти и вработени, во ниту едната, ниту другата институција. Со решение за самоизолација по извршена епидемиолошка анкета во приватната болница, во домашна изолација е екипата од четворица медицински вработени кои учествувале при интервенцијата кај пациентката. Во Клиниката за гинекологија и акушерство нема персонал кој треба да биде во самоизолација, додава Бухова.


Related Articles