Денес би сакал да кажам неколку поенти поврзани со извештајот на Фридом Хаус кој што ја опишува ситуацијата во Република Македонија како прилично алармантна, особено во делот на корупцијата и на политичкото влијание на власта врз клучните институции како што се судството и обвинителството, истакна на денешната прес-конференција Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

интегрален текст од прес-конференцијата на Милошоски

Преку извештајот на Фридом Хаус македонската јавност за жал посведочи дека денешниот развој ан настаните во обвинителството е многу полош од претходните години.

Политичкото мешање во работата на јавното обвинителство е еден од најголемите проблеми кој што Македонија го има за да се справи против борбата со криминалот и корупцијата.

Обвинителството на Јовевски и на Вилма сега и со меѓународен извештај се потврди дека е политичко обвинителство кое што спроведува селективна правда и селективни закони

Политичката монтажа за 27 април, прогонот на политички неистомисленици најчесто од опозицијата и многу невини луѓе во затвор, а многу осудени затвореници на слобода, како што е убиецот на Мартин Нешковски и други покажуваат дека политиката длабоко замешала прсти во судството, обвинителството и во установите кои што ги спроведуваат судските пресуди.

Во изминативе 3 години, ниту еден криминалец особено ако е од редовите на власта не одговараше, напротив тие станаа први другари со Заев и неговиот потесен круг.

Oвој меѓународен документ на Фридом Хаус уште еднаш потврдува дека изминатите три години имаме монтирани случаи, дури и кога се одговора сетете се на градоначалниците Боро Малборо и Курто Дудуш и ќе ви стане јасно дека политиката е посилна од обвинителството и судовите.

Ова е официјална потврда дека клучниот елемент кој што ја очекува Македонија при можните идни преговори со ЕУ, владеење на правото во Македонија е сериозно загрозен.

Дополнително корупцијата останува голем и сериозен проблем особено неказнивоста по однос на корупцијата на високи владини функционери, многу медиуми, новинари, па и политички опоненти открија неколку крупни афера но за жал за ниедна од нив немаме ниту обвинителска, ниту пак судска разрешница. Последен пример за  поткуп и за предизборна корупција се пакетите коишто Заев и неговите најблиски соработници ги делат на посиромашни семејства нудејќи им пакет прехранбени продукти во замена за избирачки глас, што е одлика на Заев во Струмица, но за жал ја спроведува на територија на цела Република Македонија.

На полето на економијата гледаме неуспеси од оваа влада се гледа и во извештајот на Фридом Хаус дека сивата економија е голем а и остава голем број на работници коишто се ранливи и можат да бидат злоупотребени од страна на работодавачите, а да не можат да си ги остварат своите работнички права.

Извештајот на Фридом Хаус не е поволен за Македонија и за жал е една меѓународна потврда дека корупцијата и селективната правда и сивата економија се трите одлики на хибридниот режим на Зоран Заев.

Со СДСМ, со Зоран Заев и Оливер Спасовски, за жал тоа се нашите одлики како држава и на меѓународен план добиваме извештаи коишто значат пораз за стандардите на една НАТО членка и на една земја која сака да биде кандидат и да преговара за членство во Европската унија.

Затоа сметаме дека е време на Зоран Заев, на Оливер Спасовски и на СДСМ, да им се каже доста е, да се понуди добра политичка алтернатива и да се започне процесот на обнова и на економијата и на институциите, и на примената за законите во цела држава.