Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1086 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на ковид-19: Скопје 93, Куманово 7, Штип 3, Прилеп 4, Тетово 12, Струга 3, Битола 1, Охрид 9, Гостивар 3, Кочани 1, Кичево 8, Ресен 5 и Неготино 1.
Починати се 9 лица, шест пациенти од Тетово и тројца пациенти од Скопје.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти во: Скопје 21, Штип 3, Прилеп 2, Тетово 3 и Битола 1.
Досега во земјата се направени вкупно 57.895 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5906, бројката на оздравени пациенти е 2236, на починати е 277, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3393.