Во изминатите 24 часа министерството за здравство информираше дека од извршени 904 тестирања регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-57, Куманово-4, Штип-13, Тетово-6, Струга-10, Охрид-7, Кавадарци-1, Гостивар-8, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Кратово-2, Свети Николе-12, Кичево-4.
Починаа 8 лица, од кои пет се од Скопје, по еден од Тетово и Струга и еден пациент од Кичево. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст 70 и 93 години. Во ГОБ „8 Септември“ починаа петмина на возраст 34, 45, 78 и 87 години, а кај 62 годишен пациент, вирусот е потврден посмртно. Во КБ Тетово почина пациент на 78 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани достигна 9153 лица, а бројот на починати е 422. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3921. Бројот на заразени од коронавирус во Скопје достигна 4271 лице, од кои активни се 1885.
Најмногу активни случаи има во општина Чаир – 280, потоа следуваат Гази Баба – 195, Аеродром – 167, Центар – 153, Карпош – 153, Бутел – 132, Кисела Вода – 124, Ѓорче Петров – 113, Сарај – 108, Студеничани – 105, Шуто Оризари – 97, Арачиново – 30, Илинден – 20, Петровец – 20, Чучер Сандево – 12, Сопиште – 18, Зелениково- 12, Странец – 7, а 139 се нераспределени.