Патот до совршена линија не е едноставен. Ниту една диета не гарантира долготрајна виткост, а гладот и желбата за слатки не исчезнуваат и кога вложувате максимум труд.

Т.н. убијци на калориите имаат позитивно влијание на слабеењето или задржување на телесната тежина, па затоа би требало да ги јадете/пиете што почесто.

  • Алги

Најдобри се како прилог зеленчук. Содржат витамини Ц и Б, т.е. влакна кои даваат чувство дека сте сити. Витаминот Б има важна улога за метаболизмот.

  • Јаболка

Освен витамин Ц, содржат и лесно варливи јаглени хидрати и пектин кои помагаат во намалување на нивото на холестерол.

  • Горка диња

Денес се користи за третман на дијабетес. Според истражувањата во телото го активира лачењето на хормон кој се создава во масното ткиво и кој заедно со останатите хормони влијае на регулирање на чувството на глад и ситост.

  • Колин

Телото го произведува самостојно во доволна количина, а дополнително се внесува со консумација на јајца и соја. Ги разградува мастите и го забрзува процесот на слабеење.

  • Хром

Еден од најважните елементи во траги кои треба да се внесува редовно. Недостиг на хром го попречува користењето на глукозата.

  • Прескокната вечера

Без вечера ќе постигнете хормонална рамнотежа и полесно разградување на масното ткиво.

  • Аминокиселини

Триптофан, фениланалин, леуцин, лизин, треонин – се клучни аминокиселини кои се внесуваат во телото преку исхраната. Ги има во рибата (посебно во туна), лешниците, месото, оризот, гравот, млекото, јајцата и компирите.

  • Спорт

Било кој вид телесна активност е подобра за духот и телото од само седење и лежење.

  • Користете го мозокот

Концентрираната работа е напорна за мозочните клетки, но поттикнува трошење калории.

  • Грејпфрут

Топи масти, а најголем ефект се постигнува кога консумираме грејпфрут кој не е потполно созреан.