Ќе понуди ли власта “бел план”, или ќе не убедува дека се е розево!?, прашува преку својата објава на Фејсбук Доктор Марија Андоновска од ВМРО–ДПМНЕ. Во продолжение ви го пренесуваме нејзиниот пост во целост:
– Ќе брои починати на прес Венко или ќе се симне од говорница и ќе отиде помеѓу колегите да ги праша како се и кои се нивните вистински потреби и барања за подобро справување со здравствената и економска криза!? Имаме над 900 заразени здравствени работници.
– Неколку семејства на здравствени работниции, кога седнуваат на маса, за жал сега имаат по едно празно столче. Илјадници, доктори,стоматолози, фармацевти, здравствени работници во примарно, секундарно и терциерно здравство оставени се сами на себе. Сами се снаоѓаат и си купуваат опрема за да се заштитат. Сами се организираат. Преморени се, исцрпени, но и понатаму не се откажуваат и работат да помогнат на секој еден.
– Децата не си ги прегрнале! Бабите и дедовците со месеци не ги виделе! Има ли памет оваа власт што прави! Зошто нема “бел план”, како во секоја нормална држава!? Каде е опремата која стигна како донација!? Каде отидоа финансиите кои беа предвидени за помош и поддршка на сите здравствени ординации!? Дали власта ја продаде заштитната медицинска опрема по високи цени, а финансиските донации ги употреби за предизборен поткуп!?
– Болниниците се преполни, немаат ниту капацитет ниту кадар да одговорат на здравствените предизвици. Нема одговор од властите кои протоколи и терапија ја употребува за Ковид болните и дали истата е усогласена со позитивната пракса од другите земји кои успешно се справуваат со пандемијата.
– Од безидејност и неспособност на власта, трпат и хронично болните. Долга е листата на оние кои чекаат, преглед, интервенција, операција. Нема масовен скрининг и тестирања. Се од црно, поцрно. Здравството на колена. Од “бел план” ни Б нема, пишува во својата објава Андоновска.