Министерството за здравство информира дека денеска се регистрирани рекордни 545 новозаболени од 2445 извршени тестирања. Во болнички услови починати се 6 лица, пациенти од Битола (66г), Куманово (57г), Прилеп (72г), Свети Николе (69г), Велес (67г) и Неготино (55г). Вкупниот број на дијагностицирани пациенти се искачи на 22 170 лица, а бројот на активни случаи изнесува 4597. Скопје е на врвот на листата со 2178 активни случаи.
По завршените епидемиолошки анализи денешната дистрибуција на активните случаи по општини во Скопје изгледа вака:
• Чаир – 96
• Гази Баба – 213
• Аеродром – 429
• Карпош – 373
• Центар – 395
• Кисела Вода – 257
• Ѓорче Петров – 183
• Бутел – 82
• Шуто Оризари – 14
• Студеничани – 3
• Сарај – 15
• Арачиново – 4
• Илинден – 32
• Сопиште – 18
• Чучер Сандево – 6
• Петровец –10
• Зелениково – 5
• Странец – 12
• Нераспределен-31