Сите странци кои влегуваат во земјава со посебна СМС порака ќе бидат известени за превентивните мерки за коронавирусот. За ова веќе разговаравме со мобилните оператори кои се согласија со ова. Поради зголемување на бројот на заразени со новиот вирус во Европа, 4.250 лица, што е за илјада повеќе од вчера, а има веќе и локален пренос на вирусот во ЕУ и во регионот, во Словенија еден и двајца во Република Српска, до 13. март ја продолживме препораката за неодржување на масовни собири, изјави денеска во Владата, министерот за здравство, Венко Филипче.

Големите спортски натпревари со учество на луѓе од странство, до следната недела ќе треба да се играат без публика.

Се очекуваат резултати дали двајцата странци сместени во хотел во Скопје, кои од изутрина се во изолација, се заразени со вирусот.