Неврохирургот Владимир Рендевски доби награда за најдобар научен труд во категоријата на млади неврохирурзи, која се однесува на истражување модели за предвидување на клиничкиот исход кај пациенти кои имаат губиток на крв во циркулаторниот систем односно хеморагија.

Наградата ја доделиле експерти од Европската асоцијација за неврохирургија и Здружението на неврохирурзи во југоисточна Европа.