Крузер во Италија е под карантин поради сомнеж за појава на коронавирусот, јавува АФП.

Околу 6.000 лица се зарабони во италијанскиот крузер додека се спроведуваат анализи и тестови над два патници од Кина за кои постои сомнеж дека се заразени со коронавирусот, изјави портпаролот на компанијата Коста Кросијер.

Парот пристигнал во Италија на 25 јануари, и истиот ден се качил на бродот Коста Смералда во пристаништето Савона.

Потоа добиле покачена температура, а имаат и потешкотии со дишењето, јавува Ројтерс.

Според изјавата на портпаролот на никого не му е дозволено да го напушти бродот додека не се утврди дали парот од Кина е заразен со смртоносниот вирус.