Синдикат на полиција во Македонија: Во станицата во Велес се шири неподнослива миризба, а во Градско и Богомила нема дрва за греење

Синдикат на Полиција во Македонија има морална, етичка и законска одговорност да го предупреди Министерството за внатрешни работи дека согласно новата биолошка штетност од „САРС-КoВ-2“ вирусот треба да се преземат…

Синдикат на Полиција во Македонија има морална, етичка и законска одговорност да го предупреди Министерството за внатрешни работи дека согласно новата биолошка штетност од „САРС-КoВ-2“ вирусот треба да се преземат конкретни мерки за заштита и превенција, дефинирани во протоколот за превентивни мерки за сите работни места.

-И покрај тоа што на највисокото раководство на СВР Велес (Началникот на СВР Велес и Командирот на ПС ОН Велес З.Ј и А.Т) од вработени им е укажано пред повеќе од 30 дена за појавата за ширење на неподнослива миризба која е основа за понатамошни зарази во ова време на пандемија се уште (до денес) од нивна страна нема ниту било каква реакција, што како Синдикат кој здравјето на вработените ни е пред се, се одлучивме да ја запознаеме јавноста и вработените. Сето ова доаѓа од полициска станица односно Сектор за внатрешни работи кој неодамна пред една година целосно е „опремен и реновиран“ како таков. Бараме од надлежните, оваа појава за никаква негрижа од страна на високото раководство на СВР Велес да се острани и веднаш да се преземат мерки за заштита на вработените согласно закон, велат од Синдикатот на полиција во Македонија.

Тие додаваат дека исто така ПОТСЕТУВАМЕ дека вработените во полициските канцеларии Градско и Богомила при ПС ОН Велес се уште немаат обезбедено дрва за огрев иако неколку пати е барано преку Одделението за заеднички работи на СВР Велес, но од страна на тамошниот началник Ѓ.И образложено е дека „ништо не знаел и дека тоа не било негова работа“. Се надеваме во најбрз можен рок, појавата „мрзнење“ на работните места во овие станици ќе биде минато.

-Напомена: Ги охрабруваме вработените во Министерството да пријавуваат секаков вид на непрофесионално и нестручно работење на раководни структури во МВР, стои во нивното соопштение до јавноста.


Related Articles