Кревањето на тешки предмети и нагли движења при спортски активности можат да доведат до дискус хернија.
Лумбална дискус хернија претставува поместување на дискусот од меѓупршленскиот простор во слабинскиот дел на половината, при што доаѓа до вклештување на нервот, оваа состојба е една од најчестите причинители на болка во нозете и половината кои можат да бидат толку силни што не можеме да одиме или да го движиме телото.
Покрај наглите движења и кревањето на тешки предмети, пушењето исто така може да доведе до овој здравствен проблем.
Токсичните состојки на димот спречуваат телото да впива хранливи материи од крвта и тоа брзо допринесува за пропаѓање на столбот на половината.
Лечењето на дискус хернијата може да трае до 3 месеци и вклучува физиотерапија и користење лекови кои ја ублажуваат болката.
Во посериозни случаи, кога болката не престанува, се препорачува хируршка интервенција.
Сепак, во поголем број случаи притисокот на нервот исчезнува и се враќа во нормала. Во случај и понатаму да постои притисок на нерв, болката ќе се намали бидејќи мозокот со времето учи “да ја намали гласната” порака која нервот ја праќа да активира болка.
Со оглед на тоа дека годините играат важна улога во појава на дискус хернијата, важно е редовно да бидете физички активни а со тоа да ги зацврстувате мускулите на половината.
Доколку чувствувате болка или други непријатности, најдобро е да посетите лекар кој ќе ви ја постави дијагноза.
Доколку не сте сигурни, ова се најчестите симптоми на дискус хернија:
– Болка на едната страна на телото
– Болка која се простира до рацете и нозете
– Болка која се зголемува за време на ноќта или при одредени движења
– Болка која се зголемува по стоење или седење
– Болка која се јавува по поминување на кратки релации
– Необјасниво слабеење на мускулите