Пациентката од Тетово која требаше да се оперира од тумор на мозок, почина од компликации на коронавирусот, со кој се зарази во болница. Семејството се сомнева на негрижа и се крајно разочарани од непрофесионалноста на целиот персонал.
Синот Жарко за медиумите вели дека две недели упорно се обидувале да стапат во контакт со болницата за да дознаат за состојбата на неговата мајка, но залудно. Единствениот повик што го добиле, бил само за да им соопштат дека починала.
Вртено е од повеќе броеви, многу пати, никој не се јавуваше, да ни каже како се третира жената, како е, што е.. она беше неподвижна, полусвесна, она не можеше сама да се храни, вода да пие..Немавме никаква информација. Јас ја однесов да се излечи, а не да добие уште една болест која за нејзе беше фатална, вели Жарко Трајковски, син на починатата.