За 24 часа бројот на хоспитализирани пациенти во Македонија изнесува 376 лица

Во текот на последното деноноќие бројот на хоспитализирани пациенти кои се лекуваат низ ковид центрите во Македонија изнесува вкупно 376 лица. Според извештаите кои ги доставуваат болниците до Министерството за…

Во текот на последното деноноќие бројот на хоспитализирани пациенти кои се лекуваат низ ковид центрите во Македонија изнесува вкупно 376 лица. Според извештаите кои ги доставуваат болниците до Министерството за здравство, вкупниот број на позитивни и суспектни пациенти на корона вирусот, кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 650, а околу 621 легло се празни.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 38 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19, а во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 56 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 43, во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 13 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 25 пациенти, во Кочани 9, во Кичево 12, Кавадарци 23, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Овие бројки се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.


Related Articles