Зошто денеска не се на сила препораките и мерките при надминат праг на алармирање за PM10 честички во Кавадарци, Куманово и Битол, реагираа денеска од О2 иницијативата на својот фејсбук профил.
Тие потсетуваат дека од минатиот месец прагот на алармирање е 162.5 µg/m3 во текот на два последователни денови, нешто што не беше објавено, а требаше, од страна на МЖСПП. Истовремено реагираат и за главниот град каде состојбата е истотака алармантна.
– За Скопје нема прогласување на прагот на алармирање, иако вредностите измерени во Лисиче се над 200 µg/m3 два дена по ред, зошто условот е две мерни станици да покажат вредности над 162.5 µg/m3 . Но, во функција не се инструментите за PM10 во Гази Баба и Ректорат, кои историски покажуваат високи вредности. И тоа е она на што ние укажувавме кога се формулираше ваквиот праг на алармирање во 2017, што во случај кога одредени мерни станици нема да се во функција во Скопје, како тогаш да се бара две мерни станици да покажат надминување и баравме овој услов да се измени, но не се прифати.
– И сега, наместо да имаме прогласување на надминување на прагот на алармирање за Скопје, ќе се тера како состојбата да е нормална, кога во ниту еден случај не е, посочуваат од О2 иницијативата.