Тетовчани во црно, 11 лица ја загубија битката со коронавирусот само од овој македонски град

Црн ден денеска за Тетово и тетовчани. Коронавирусот само во последново деноноќие однесе 11 човечки животи и тоа на возраст од 72, 68, 57, 58, 66, 73, 77, 65, 74,…

Црн ден денеска за Тетово и тетовчани. Коронавирусот само во последново деноноќие однесе 11 човечки животи и тоа на возраст од 72, 68, 57, 58, 66, 73, 77, 65, 74, 56 и 73 години, сите од Тетово. Вкупниот број на починати, како што соопштија од Министертсвото за здравство е 21 лице за 24 часа. Ова е нова висока бројка која ја вознемири македонската јавност.

Во текот на денешниот ден беа регистрирани вкупно 444 новзаболени од направени 2518 тестирања. Од новозаразените најмногу се од Скопје и тоа 209. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91 161, бројката на оздравени пациенти е 79 621, на починати е 2 812, а бројот на активни случаи изнесува 8 728.

 

Во однос на оние кои ја загубија битката со коронавирусот состојбата е следна: две лица се починати во Скопје и Кавадарци на возраст од 87 и 65 и на 64 и 59 години, по еден смртен случај има и во Куманово (75г), Прилеп (84г), Штип (78г), Охрид (69г), Кавадарци (64 и 59г), Кочани (71г) и Кичево (63г). Пациентите се починати во болнички услови.

Бројката на новозаразени денеска во Тетово е за малку поголема од бројката на починати. Во овој град денеска се регистрирани 13 нови случаи на ковид-19 од вкупно 444 во земјава во последното деноноќие. Бројот на активни случаи во Скопје изнесува 4855 случаи, а во Тетово 326.


Related Articles