Прво малку биологија. Човечкиот череп има многу комплициран мускулен систем. Само околу устата, постојат 10 различни групи на мускули кои се одговорни за нашата насмевка и сите движења околу устата. Како велат повеќе насмевки, помалку брчки.

Кога се смееме целото наше лице се движи. Околу очите и устата се одвива движењето и токму затоа кожата останува затегната. Па доколку сакате да имате прекрасна кожа без брчки смејте се. Но насмевките претставуваат многу повеќе од движење на мускули на лицето.

Еве неколку придобивки од смеењето:

– се намалува стресот,

– делува како аналгетик,

– помага против стеснување на крвните садови,

– го зајакнува имуниот систем,

– ги олеснува симптомите на автоимуните болести,

– ја зголемува самодовербата,

– помага против депресијата,

– добро делува на хроничните болести,

– не прави посилни и отпорни на негативните влијанија,

– ги смирува и најтемпераментите

Најважно е насмевките да се искрени и вистински и не заборавајте смеењето е заразно, па затоа смјете се и најсмејте ги останатите.