Во Норвешка вакцините на британско-шведската компанија Астра Зенека и на Џансен засега не се користат. Во норвешкиот план за вакцинирање вакцината на Астра Зенека е укината на 11 март, откако имаше извештаи за згрутчување на крвта и нарушувања на коагулацијата на крвта кај вакцинирани лица.
Норвешката агенција за јавно здравје, како и експертската група, препорачува вакцината на Астра Зенека целосно да се исклучи од програмата за вакцинација.
Вакцината Џансен, земјата се уште не започнала да ја користи, а беше одобрена во Европската унија и Обединетото Кралство на 11 март. Одлуката се заснова на фактот дека можните несакани ефекти – згрутчување на крвта, бараат дополнително проучување.